Жртви и повредени во напади врз украинскиот регион Николаев
Во изминатото деноноќие регистрирани жртви и повредени во напади во Николаев...

Војната на украинскиот фронт продолжува. Во изминатото деноноќие регистрирани жртви и повредени во напади во Николаев. Руски воени складишта, аеродроми и воено-индустриските комплекси се цел на напади со украински беспилотни летала. Според претседателот Зеленски, службата за безбедност уништила над 1.300 руски тенкови.
„Дроновите на фронтот, како и нашите беспилотни летала со долг дострел во длабоките руски воени цели стануваат се попристапни за нашите војници. Од витално значење се и напорите на сите оние кои ја уништуваат руската опрема на фронтот. Оваа недела имаме и важни одлуки од нашите партнери Франција, Канада. Работиме со нашите партнери во САД за нови одбранбени пакети кои го поддржуваат нашиот систем за воздушна одбрана“, Володимир зеленски, претседател на Украина.
Според „Вашингтон пост“, новоизбраниот претседател на САД, Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Путин и побарал да не ескалира конфликтот со Украина. Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа и важноста за постигнување мир на европскиот континент.
