Министерот Орхан Муртезани во работна посета на Тирана
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Тирана, Албанија, во чии рамки се предвидени одвоени средби со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, како и со државната министерка и главен преговарач на Албанија со ЕУ, Мајлинда Дука...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Тирана, Албанија, во чии рамки се предвидени одвоени средби со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, како и со државната министерка и главен преговарач на Албанија со ЕУ, Мајлинда Дука.
На средбите се очекува разговорите да опфатат широк спектар на теми значајни за процесите на пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, како што се билатералните односи во контекст на европскиот пат на двете земји и регионот, заедничките напори за усогласување на реформите со стандардите на ЕУ, модалитетите за понатамошна размена на експертиза, зајакнување на капацитетите и координација на клучните приоритети како владеењето на правото, мерките за борба против корупцијата и економскиот развој.
