Регион
Земјотреси утрово во Албанија и Грција
11.11.2024 09:28
Во шест часот наутро земјотрес со магнитуда од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја стресе Албанија. Земјотрес со помал интензитет утрово и во Грција ...

Во шест часот наутро земјотрес со магнитуда од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја стресе Албанија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 94 километри северно од градот Саранда и грчкиот остров Крф. Потоа следеле серија земјотреси, вториот и третиот со јачина од 3 и 2,3 степени, а потоа и со 2,5 и 2,8 степени според Рихтер.
Земјотрес со помал интензитет утрово бил регистриран и во Грција.
