Украина

Напади со дронови на руска и украинска територија

11.11.2024 09:43

Предупредување за воздушен напад во поголемиот дел на Украина. Поради опасност од ракетирање, во Киев се воведени распореди за итни прекини на електрична енергија. Новоизбраниот претседател на САД, Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Путин и побарал да не ескалира конфликтот со Европа. Украинското МНР тврди, не биле информирани за разговорот...

Војната на украинскиот фронт продолжува. Издадени предупредување за воздушен напад во поголемиот дел на земјата, откако воздухопловните сили на Киев потврдија дека руски тешки бомбардери, полетале кон нивна територија.

Во изминатото деноноќие регистрирани жртви и повредени во напади во Запорожје и Миколаев. Поради опасност од ракетен напад, во Киев се воведени распореди за итни прекини на електрична енергија. Руски воени складишта, аеродроми и воено-индустриските комплекси се цел на напади со украински беспилотни летала. Службата за безбедност уништила над 1.300 руски тенкови. Украинскиот претседател Зеленски дециден, силата и дипломатијата мора да одат заедно со цел да се стави крај на војната во Украина и да се осигури дека таков конфликт нема да се повтори во иднина.

„Дроновите на фронтот, како и нашите беспилотни летала со долг дострел во длабоките руски воени цели стануваат се попристапни за нашите војници. Од витално значење се и напорите на сите оние кои ја уништуваат руската опрема на фронтот. Оваа недела имаме и важни одлуки од нашите партнери Франција, Канада. Работиме со нашите партнери во САД за нови одбранбени пакети кои го поддржуваат нашиот систем за воздушна одбрана“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Според „Вашингтон пост“, новоизбраниот претседател на САД, Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Путин и побарал да не ескалира конфликтот со Украина. Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа и важноста за постигнување мир на европскиот континент. Од Белата Куќа велат дека е важно финансирањето на Киев во тековната војна со Русија да продолжи.

„САД не треба да се оддалечат од Украина. Заминувањето од Украина значи поголема нестабилност во Европа. Претседателот Бајден ќе каже дека ни требаат тековни ресурси за Украина по крајот на неговиот мандат, бидејќи заканата за Украина ќе остане, без разлика што точно ќе се случи на бојното поле или на преговарачката маса“, изјави Џејк Салива-советник за национална безбедност во Белата куќа.

Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека информациите дека Киев бил однапред информиран за телефонскиот разговор меѓу новоизбраниот американски претседател Трамп и рускиот претседател Путин се лажни.

Маријана Димовска