УХМР

Нивото на водата во Охридското Езеро 16 сантиметри под просекот за овој период од годината

11.11.2024 11:54

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, водата во езерото денеска се наоѓа на котата 693,13 метри надморска височина, што е 16 сантиметри под просекот за ноември...

Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму се намалува и е далеку под просекот за овој период од годината, а состојбата е дополнитено загрижувачка што се доближува до минимално дозволената кота.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, водата во езерото денеска се наоѓа на котата 693,13 метри надморска височина, што е 16 сантиметри под просекот за ноември, четири сантиметри под природната кота и само три сантиметри над дозволениот минимум.