Култура

Oперата „Мадам Батерфлај“ од Пучини на 16-ти ноември во НОБ

11.11.2024 19:01

Во насловната улога ќе настапи гостинката од Јапонија, Хироко Морита, во улогата на Пинкертон ќе настапи, Ѓорѓи Цуцковски, во улогата на Шарплес, Флорин Естефан од Романија...

Во рамките на „Месец на Пучини“ на 16-ти ноември во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини.

Диригент на претставата е гостинот од  Грција, Мирон Микхајлидис, режијата е на  Александар Текелиев од Бугарија, сценографијата на Живојин Трајановиќ, а костимографијата на Лира Грабул, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ.

Во насловната улога ќе настапи гостинката од  Јапонија, Хироко Морита, во улогата на Пинкертон ќе настапи, Ѓорѓи Цуцковски, во улогата на Шарплес, Флорин Естефан од Романија, во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ,  Дејан Стоев, Невен Силјановски, Јане Дунимаглоски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина  Димитриевска, Олег Цуцковски, Никола Стојчески, Марко  Гапо, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет.