Бојко Борисов најави можност за формирање на влада со четири партии
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов најави можност за формирање на влада со „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“, „Бугарската социјалистичка партија“ и „Има таков народ“. Тој посочи дека останатите политички партии се исклучени од опциите поради различните идеологии...

Избраните пратеници на седмите парламентарни избори во Бугарија одржани на 27-ми октомври, положија заклетва на првата конститутивна седница на 51. Народно собрание. Тензично пред зградата на бугарскиот парламент. Најавени се седум протести.
Полицијата го обезбедува просторот во центарот на Софија, а сообраќајот е пренасочен. Политичките партии во обид да излезат од ќорсокакот.
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов најави можност за формирање на влада со „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“, „Бугарската социјалистичка партија“ и „Има таков народ“. Тој посочи дека останатите политички партии се исклучени од опциите поради различните идеологии.
Изборот на претседател на Собранието не е цел сам по себе, туку појдовна точка за почеток на преговорите, појасни Борисов. Се очекува ГЕРБ-СДС да предложат спикер бидејќи коалицијата освои најмногу гласови на изборите.
