Унгарски кредит

Мицкоски очекува заедничко решение со банките за каматите на кредитите за компаниите

11.11.2024 16:44

Премиерот Мицкоски очекува да најде заедничко решение со банките за каматите на кредитите од унгарскиот кредит. Бара ризикот да биде споделен...

Премиерот Мицкоски очекува да најде заедничко решение со банките за каматите на кредитите од унгарскиот кредит. Бара ризикот да биде споделен. Им порача на банкарите да бидат општествено одговорни, да не наплаќаат дополнителни трошоци за кредитите.

„Нивните милиони се множат, а ова е нешто што заеднички треба да го споделиме како ризик. Банкарите често ме прашуваат како да помогнат? Еве начин, на овој начин се помага … со тапкање по рамо не се помага. Ајде заедно со државата да го споделиме овој ризик“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот неделава треба да се сретне со членовите на банкарската асоцијација.

Бизнисот чека свежи пари, потребни да ја зголеми конкурентноста, да ги надмине досегашните кризи.

Марина Стојанова-Тонева