Регион

Нов протест во Белград поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад

11.11.2024 19:24

Најавен е и краток протестен марш до зградата на Претседателството, каде ќе биде поднесено барањето за оставка на премиерот Милош Вучевиќ...

Протест пред Владата на Србија во Белград поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад. Најавен е и краток протестен марш до зградата на Претседателството, каде ќе биде поднесено барањето за оставка на премиерот Милош Вучевиќ.

На протестот „Корупцијата убива“, како што најавија опозициските партии, ќе се повтори барањето за оставка на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, како и за објавување на сите тајни договори поврзани со реконструкцијата на железничката станица.
 
Исто така се бара апсење на сите одговорни за уривањето на настрешницата на железничката зграда како и ослободување на сите незаконски задржани по протестот во Нови Сад одржан на 5-ти ноември.