Почеток за идна традиција
Идеја која години се крчка и обмислува, а која наиде на поддршка од Град Скопје и од Македонската фудбалска федерација, летово се преточува во дело. Младински меѓународен фудбалски турнир ”СКОПЈЕ КУП”, за фудбалери 97-ма, 99-та и помлади.
Македонија ќе ја представуваат, Вардар, Пелистер, академија Пандев, Шкендија, репрезентации на градовите Скопје, Охрид и Струга. Гости пак, во метрополата ќе имаме од Србија белградски Партизан, Војводина и Реал Ниш, од Хрватска Осиек, од Бугарија Славија и ЦСКА Софија.

Настанот ќе се случува од 23 до 29 месецов на шест стадиони, три во куќата на фудбалот, како и на терените на АРМ, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
Ова е прв проект од програмата на скопско спортско лето. Во август се планира и ракометен ваков турнир, а од в година кошаркарски и одбојкарски.