Временска прогноза

Променливо облачно и студено

12.11.2024 07:58

По котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, попладне и во текот на ноќта во јужните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. По котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и магливо со слаб ветер од северен правец.