Собранието денеска ќе ја одржи 19. седница
На седницата треба да бидат донесени одлуки за именување претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надвор во втор степен, на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Комисијата за заштита на конкуренцијата и на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации...

Собранието денеска треба да ја започне 19-та седница на која на дневен ред се триесетина точки, меѓу кои избор на двајца членови на Државната изборна комисија, верификација на мандат на пратеник, избор на членови за собраниски тела и други органи, неколку закони по скратена постапка, во прво и во второ читање.
На седницата треба да бидат донесени одлуки за именување претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надвор во втор степен, на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Комисијата за заштита на конкуренцијата и на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.
На предложениот дневен ред се и измените на Законот за иновациската дејност, Законот за научно-истражувачката дејност, Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, Законот за ученичкиот стандард, Законот за студентскиот стандард, Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, сите по скратена постапка.
