Србија

Протести во Белград поради несреќата во Нови Сад

12.11.2024 08:39

Демонстрантите побараа апсење на сите одговорни за уривањето на натстрешницата на железничката станица и ослободување на како што беше речено, сите незаконски задржани по протестот во Нови Сад ...

Синоќа во Белград протести пред Владата, поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад. Побарани оставки на премиерот Милош Вучевиќ и на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Демонстрантите побараа апсење на сите одговорни за уривањето на натстрешницата на железничката станица и ослободување на како што беше речено, сите незаконски задржани по протестот во Нови Сад на 5-ти ноември.

„Јас сум за мирна и демократска промена на власта, се надевам дека ќе смениме нешто за да не се случи вакво нешто уште еднаш“, рече еден од тие шо протестираа.

„Тука сум да ја изразам мојата солидарност со семејствата на жртвите од Нови Сад. Сакав да бидам присутна на овој протест. Се согласувам со сè што бараат овие луѓе овде“, изјави друг.