Блиски Исток

Израел да се повлече од опупираните територии, повикаа арапските лидери

12.11.2024 08:25

Во светло на континуираната израелска агресија на палестинските територии и проширувањето во Либан, овој самит доаѓа како потврда за искрената желба за смирување на тензиите во регионот, изјави принц Фајсал бин Фархан, министер за надворешни работи на Саудиска Арабија...

Лидерите од Арапскиот самит повикаа на притисок за замрзнување на членството на Израел во Обединетите нации, поради тековната војна во регионот на Блискиот Исток.

„Во светло на континуираната израелска агресија на палестинските територии и проширувањето во Либан, овој самит доаѓа како потврда за искрената желба за смирување на тензиите во регионот. Не смееме да дозволиме меѓународната заедница да ги игнорира израелските злосторства и на кој било начин да го оправда молкот“, изјави принц Фајсал бин Фархан, министер за надворешни работи на Саудиска Арабија.

Хезболах вчера објави дека не добиле никаков официјален предлог за прекин на војната со Израел и дека се подготвени да водат долга борба доколку е потребно.

Во меѓувреме, Израелскиот министер за финансии вели дека ќе се заложи Израел да анектира делови од окупираниот Западен Брег откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД.