Холандија

Немири на улиците во Амстердам

12.11.2024 08:28

Власите соопштија дека не е јасно кој ги почнал немирите. Уапсени се неколку лица. Главниот град се соочува со тензии по насилството изминатата недела...

Холандската полиција синоќа ја растера толпата од улиците на Амстердам откако беше запален трамвај. Власите соопштија дека не е јасно кој ги почнал немирите. Уапсени се неколку лица. Главниот град се соочува со тензии по насилството изминатата недела.

Kога приврзаниците на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив се судрија со минувачи, вандализираа имот и запалија палестински знамиња.Советот за национална безбедност на Израел ги советуваше Израелците во странство да не присуствуваат на големи спортски и културни настани.