Украина

ЕУ ја потврди поддршката за Киев

12.11.2024 08:31

Во екот на руската контраофанзива во Курск, украинскиот претседател во Киев се состана со шефот за надворешна политика на Европската унија и со министерот за одбрана на Естонија...

Генералното собрание на Обединетите нации усвои Резолуција за борба против глорификацијата на нацизмот, предложена од Русија. Коавтори на документот се десетици земји, меѓу кои Ерменија, Белорусија, Кина, Мали, Северна Кореја, Србија и Јужна Африка. Во екот на руската контраофанзива во Курск, украинскиот претседател во Киев се состана со шефот за надворешна политика на Европската унија и со министерот за одбрана на Естонија.

„Ви благодариме што за време на оваа војна, вие секогаш бевте 100% целосно на наша страна, на страната на украинскиот народ. Бевте со нас во тешките денови, тешките моменти, денес бевте во засолништето, така што знаете се за оваа војна“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Состаноците се одржаа во време кога руски бомби, беспилотни летала и балистичка ракета беа истрелани кон градовите во јужна и источна Украина, при што загинаа најмалку шест цивили, а беа повредени околу 30 други.