ЈП Водовод и канализација – Скопје

Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“

12.11.2024 08:38

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектите...

Поради уличен дефект, без вода денеска од 07:45 часот се дел од корисниците на улица „Финска“, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Вода од 09:00 часот ќе немаат и корисниците на дел од улица „Христо Татарчев“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектите.