Тенис

Зверев со победа над Русинот Рубљев на завршниот АТП турнир

12.11.2024 09:01

Оваа победа беше 50-та за 27-годишниот Германец остварена над противник од топ-10. Тој стана првиот играч роден по 1990 година со вакво достигнување...

Германскиот тенисер Александар Зверев синоќа го победи Русинот Андреј Рубљев со 6:4 и 6:4 во меч од групната фаза на завршниот АТП турнир во Торино.

Оваа победа беше 50-та за 27-годишниот Германец остварена над противник од топ-10. Тој стана првиот играч роден по 1990 година со вакво достигнување.

Во Б-групата покрај Рубљов и Зверев, се и Шпанецот Карлос Алкараз и Норвежанецот Каспер Руд.