Продолжуваат нападите од Либан кон Израел
Битки и во Појасот Газа, тензии на Западниот Брег. Израелската армија спроведе рации и апсења во неколку области...

Продолжуваат нападите од Либан кон Израел, воздушната одбрана успешно ги пресретнала проектилите на Хезболах. Битки и во Појасот Газа, тензии на Западниот Брег. Израелската армија спроведе рации и апсења во неколку области. Истовремено, израелскиот министер за финансии изјави дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е можност Израел да воспостави суверенитет над Западниот Брег.
Лидерите од арапскиот самит повикаа на притисок за замрзнување на членството на Израел во Обединетите нации поради тековната војна во регионот на Блискиот Исток. Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог во Белата куќа.
„Како претседател на државата Израел, му честитам на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Во нашиот разговор само пред неколку дена, зборувавме за итната потреба да ги вратиме нашите заложници дома. Ја користам оваа прилика да изразам благодарност и восхит до 46-от претседател на Соединетите Држави, мојот драг пријател Џо Бајден. Цврстата поддршка на претседателот од самиот почеток на војната, Израел никогаш нема да ja заборави. И благодарам и на потпретседателката Камала Харис што ја изрази својата солидарност со израелскиот народ“, изјави Исак Херцог, претседател на Израел.
