Самит КОП29

Министерката Божиновска ќе се обрати на панелот „Патот кон нула-енергетски згради на Балканот“

12.11.2024 09:18

Овој значаен настан има за цел да ги истражи можностите за зголемување на енергетската ефикасност во градежниот сектор и да ја истакне неговата улога во одржливиот економски развој и енергетската безбедност во регионот...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, ќе се обрати на панел-дискусијата „Патот кон нула-енергетски згради во поширокиот Балкански регион“, која се одржува во рамки на климатскиот самит КОП29 во Баку, Азербејџан. Овој значаен настан има за цел да ги истражи можностите за зголемување на енергетската ефикасност во градежниот сектор и да ја истакне неговата улога во одржливиот економски развој и енергетската безбедност во регионот.

Панелот ќе се фокусира на повеќе клучни теми: улогата на енергетската ефикасност во исполнување на Парискиот договор, пазарните бариери за ефикасни технологии во градежниот сектор, активностите на УНДП и партнерите за поддршка на енергетската ефикасност во јавните и приватните објекти во регионот, како и препораките од најновиот УНДП документ „Патот кон нула-енергетски згради во поширокиот Балкански регион“