САД

Се очекува Трамп да го назначи сенаторот Марко Рубио за државен секретар

12.11.2024 11:23

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да го назначи сенаторот Марко Рубио за државен секретар на САД, објавија американски медиуми...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да го назначи сенаторот Марко Рубио за државен секретар на САД, објавија американски медиуми.

Политичарот роден во Флорида би можел да стане првиот латиноамериканец на оваа висока позиција. 53 годишниот Рубио изминатите години се залагаше за жестока надворешна политика кон земји што се сметаат за непријатели на САД, како Кина, Иран и Куба.

Несомнено, војната во Украина ќе биде високо на агендата на Рубио за која во неодамнешните интервјуа тврдеше дека Киев треба да бара преговарачко решение на конфликтот наместо да се фокусира на враќање на сите територии изгубени во изминатата деценија.