Штрајк на државните службеници во Грција

22.07.2014 12:11

Државните службеници во Грција денеска од 11 часот до крајот на работниот ден стапија во штрајк во знак на протест поради воведеното оценување на вработените во државниот сектор.
 
Штрајкот е организиран од Федерацијата на државните службеници- АДЕДИ.
 
Во соопштението се наведува дека вработените нема да дозволат Владата, согласно преземените ангажмани од меѓународните кредитори, да ги затвораат државните и општествени служби и да намалуваат вработени и плати во државната администрација.