Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица
Годишната изложба на ДЛУМ претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број на членови на ДЛУМ.

Утревечер во Национална галерија објект Мала станица, во 20 часот, Друштвото на ликовни уметници ја отвора својата традиционална „Годишна изложба“.
Годишната изложба на ДЛУМ претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број на членови на ДЛУМ.
Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото на различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно – историски контекст, бидејќи возможува директен преглед и разбирање на тековните интереси и активности на членовите на ДЛУМ.
Таа е неселективна, со цел да ги прикаже актуелните ликовни стилови и техники, и да им овозможи на сите учесници, членови на ДЛУМ јасно согледување на своето место во ликовниот простор на Македонија во период од една година.
