Финансии

Димитриеска-Кочоска: Во буџетот имаме суфицит и помало задолжување на домашниот пазар од планираното

12.11.2024 16:01

Се осврна и на средствата од унгарскиот заем наменети за општинските проекти. При тоа посочи дека се обезбедени 250 милиони евра за општинските проекти и дека очекува нивна реализација со оглед на тоа што целта била да се поддржат проекти коишто се готови и кај кои реализацијата на терен брзо може да се одвива.

Средствата од унгарскиот заем во моментот сè уште на сметката и не се користат. На буџетската сметка имаме суфицит, а тоа резултира да имаме помало задолжување на домашниот пазар од планираното. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во 360 Степени.

Таа потврди дека во недела ќе се одржи нов состанок со деловните банки преку Македонската банкарска асоцијација на којшто се очекува конечно дефинирање на условите под коишто ќе бидат понудени средствата на компаниите како крајни корисници.

Таа додаде дека една од банките изразила интерес дека може да учествува во субвенционирањето на каматата, како и во однос на условите за рокот на отплата и во таа насока е состанокот во недела да се дојде до конечните услови.

Укажа на моментот дека се работи на процесот за пласирање на средствата и дека се чекало да заврши постапката на префрлање на средствата на буџетската сметка, а оттука и начинот на кој ќе се префрлат до Развојната банка, од каде понатаму треба да бидат трансферирани до деловните банки и крајните корисници.

Во интервјуто се осврна и на средствата од унгарскиот заем наменети за општинските проекти. При тоа посочи дека се обезбедени 250 милиони евра за општинските проекти и дека очекува нивна реализација со оглед на тоа што целта била да се поддржат проекти коишто се готови и кај кои реализацијата на терен брзо може да се одвива.

За следната година посочи на очекувањата за реализација на предвидените капитални проекти како патните правци од Коридорите 8 и 10д, за кои се одвоени 12 милијарди денари, потоа реализацијата на општинските проекти, како и проекти кои се финансираат од меѓународни финансиски институции а кај кои имало застој. Посочи дека нема да има трансфери кон ЕСМ и дека нема да има проблеми со снабдувањето со електрична енергија и дека со Предлог-буџетот за 2025 година се обезбедени средства за раст на платите во образованието, здравството, како и во администрацијата согласно потпишани колективни договори.