Снаа претепа свекрва во Скопје

22.07.2014 12:35

Повредената е пренесена во Градската општа болница каде е задржана на лекување.

Седумдесетгодишна скопјанка денеска била физички нападната од нејзината снаа, соопштуваат од полицијата.
 
Настанот се случил во домот на свекрвата Е.С. која се здобила со телесни повреди.
 
Повредената е пренесена во Градската општа болница каде е задржана на лекување.  
 
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.