Германија
Постигнат договор за датум за предвремени парламентарни избори во Германија
12.11.2024 15:03
Датумот му е предложен на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој и официјално треба да го потврди.

Социјалдемократската партија на Германија и Христијанско-демократската унија постигнаа договор за датумот за предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 23-ти февруари догодина. Датумот му е предложен на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој и официјално треба да го потврди.
Политичките состојби се последица на распадот на коалициската влада на канцеларот Шолц, кој пред неколку дена одлучи да го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер и објави дека на 16-ти декември планира да го отвори прашањето за доверба на Владата во Бундестагот.
