Руско-Украински конфликт

Руската авијација уништи упориште на украинските сили во Курск

12.11.2024 19:14

Руската авијација уништи упориште на украинските сили во Курск кадешто продолжуваат интензивни борби откако Москва издаде јасни насоки за преземање на контролата во регионот...

Руската авијација уништи упориште на украинските сили во Курск кадешто продолжуваат интензивни борби откако Москва издаде јасни насоки за преземање на контролата во регионот.

Шефот на европската дипломатија Борел предупреди за глобализација на војната откако по Кремљ и Пјонгјанг го ратификуваше договорот за соработка меѓу двете земји. Ситуацијата на украинскиот фронт и натаму тешка, руските трупи напредуваат. Зеленски одново бара од партнерите оружје со долг дострел.

Генералниот секретар на НАТО Руте со апел до европските сојузници и САД да се обединат и да ја зголемат поддршката за Киев за да го смени текот на конфликтот.