Шпанија

Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови

12.11.2024 20:06

Шпанската метеоролошка агенција Аемет од денеска до четврток издаде портокалово предупредување...

Две недели по разорните поплави во источна Шпанија откако дождовите и поплавите однесоа повеќе од 220 животи, метеоролошките служби ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат нови катастрофи со доаѓање обилни врнежи и ниски температури.

Источниот и јужниот дел на Медитеранот повторно се најзагрозени, а шпанската метеоролошка агенција Аемет од денеска до четврток издаде портокалово предупредување за делови од регионите Валенсија, Каталонија и Андалузија, како и за Балеарските острови.