Кругот се стеснува
Европскиот ватерполо шампионат во Будимпешта, по вчерашното заокружување на групниот сегмент доби дел од ½ финалистите и ¼ финални противници.
Профитот од вчера сработеното го извлекоа црногорците со триумфот над Грузија (17:2) со освојување на првото место во групата А и директен пласма во завршната 4-ка. Ремито на Италија која беше лидер до мечот со Грција (9:9) ја чини натпревар плус до борбата за медал. Црногорците ќе го чекаат подобриот од дуелот Србија-Грција.

Србите како второпласирани во групата Б, место кое го заслужија со победа над Шпанците (8:6) ја добивја грција, условно послабиот противник од А. Во Б сегментот најуспешна со 100 настотен учинок е селкцијата домаќин Унгарија која и во последниот групен меч славеше, овојпат над Хрватска (7:6), со што хрватите останаа трети во Б поредокот за дуел со Италија, втората од А. Поуспешниот од ова соочување оди на ½ финале со Унгарија.
Инаку, бранител на континенталното злато од пред две години во Холандија е Србија, а подиумот тогаш го комплетираа со среброто црногорците и бронзата сега најсигурните, унгарците.