Временска прогноза

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

13.11.2024 08:05

Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5, а максималната од 4 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд.