Израел

САД: Израел не ги прекрши американските закони

13.11.2024 08:48

Челична поддршка од САД упати и претседателот Бајден на состанокот со неговиот израелски колега Херцог кој изјави дека е подготвен да направи сè до истекот на неговиот мандат за мирот и безбедноста во Израел и во регионот.

Меѓународните хуманитарни организации дадоа неуспешна оценка на Израел за зголемена испорака на помош во Газа наспроти тврдењата на Вашингтон дека нивните сојузници не ги прекршиле американските закони по истекот на 30-дневниот рок што им го зададоа, и дека нема да го ограничат трансферот на оружје.

„Не проценивме дека тие го прекршуваат американскиот закон. Ќе продолжиме да ја набљудуваме и внимателно да ја следиме ситуацијата“, изјави Ведант Пател – портпарол на Стејт департментот.

Челична поддршка од САД упати и претседателот Бајден на состанокот со неговиот израелски колега Херцог кој изјави дека е подготвен да направи сè до истекот на неговиот мандат за мирот и безбедноста во Израел и во регионот. Наспроти борбите на фронтот Нетанјаху се обрати до иранскиот народ. Уште еден напад врз Израел и ќе се парализира вашата економија.

„Толку од вашите скапоцени пари потрошија на залудни напади. Уште еден напад врз Израел едноставно би ја осакатиле иранската економија. Знам дека вие не ја сакате оваа војна. Ни јас не ја сакам. Само една сила го става вашето семејство во опасност: тираните од Техеран“, изјави Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.