Одбележување

Скопје одбележува 80 години од ослободувањето

13.11.2024 08:51

На денешен ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација за време на Втората светска војна...

Скопје денеска одбележува 80 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна.

На денешен ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација за време на Втората светска војна

Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред владината зграда, а најавени се повеќе манифестации, работилници, изложби, промоции.

.