САД

Трамп продолжи со формирање на својот тим

13.11.2024 08:52

Трамп продолжи со формирање на својот тим назначувајќи ја гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, да раководи со Одделот за домашна безбедност-една од најголемите владини агенции...

Новоизбраниот американски претседател Трамп продолжи со формирање на својот тим назначувајќи ја гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, да раководи со Одделот за домашна безбедност-една од најголемите владини агенции што ќе биде составен дел од неговиот завет дека ќе ја обезбеди границата и ќе спроведе масовна операција за депортација.

Армискиот ветеран Пит Хегсет доаѓа на местото секретар за одбрана, додека поранешниот шеф на директор на националниот разузнавање Џон Ретклиф е назначен за нов шеф на ЦИА.