Култура

Битолскиот театар одбележува 80 години од првата претстава на македонски јазик

13.11.2024 13:54

Пред 80 години Битолскиот театар испиша историја. За прв пат на македонски јазик беше одиграна едночинката на Владо Малевски-„Ѓоре Магаревски“. Утревечер за роденденот повторно на штиците живот што значат. Вклучен е целокупниот ансамбл и трите матични режисери кој од свој аспект со своја група на актери ја пренесуваат приказната за кодошот Ѓоре.

На десетиот ден од ослободувањето на Битола, македонскиот актерски глас згрми на штиците живот што значат преку едночинката на Владо Малевски „Ѓоре Магаревски“. Ако екипата предводена од доајените, браќата Стефановски ги поставиле темелите, а генерацијата по нив оваа институција ја издигна до европските височини, за актуелниот состав тоа е светол аманет.

На 80 роденден утревечер истоимената претстава во која учествува целиот ансамбл поделен во три групи во претставата во која се вклучени и тројцата матични режисери. Велат нема автоцензура, туку на сцената е она што некој го напишал пред осум децении за да преку ликот на Ѓоре се види како се пресудува на предавниците.

За драматурзите тоа е дамнешна порака за тоа како да се негува сопствениот јазик.

Да не се заборави богатото минато во фојаето ќе сведочи и мини поставениот музеј за оние кои се вградиле во театарската уметност.

 

Стевче Митревски