ЦУК

Ангелов: Подготвени сме за претстојната зимска сезона

13.11.2024 17:54

Денеска имаше координативен состанок за чистење на снег од патиштата и помагање на жители во завеани региони, на кој присуствуваат претставници на УХМР, МВР, ЈПДП, ДЗС, Министерство за локална самоуправа, Железници, АД Водостопанство, претставник на ЗЕЛС и МЕПСО...

Претседателот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека како држава сме подготвени за претстојната зимска сезона и за врнежите од снег.

Денеска имаше координативен состанок за чистење на снег од патиштата и помагање на жители во завеани региони, на кој присуствуваат претставници на УХМР, МВР, ЈПДП, ДЗС, Министерство за локална самоуправа, Железници, АД Водостопанство, претставник на ЗЕЛС и МЕПСО.

Ангелов, додаде дека во случај на потреба на сопирање на сообраќајот на некои критични точки, особено пред превоите, МВР ќе испрати засилени екипи. ДЗС на располагање има два тима со возила со гасеници кои се оспособени да отидат до тешко пристапни терени доколку е потребно да се пружи помош за некој загрозен граѓанин.

Тој апелираше до граѓаните, како што вели, да ги раздвојат фактите од вообичаените мислења на социјалните мрежи секоја година дека „снегот повторно ги изненади“ надлежните.