Политика

СДСМ и ДУИ со критики за Буџетот

13.11.2024 16:13

За СДСМ Буџетот е нереален, неразвоен и недомаќински. Најавија 200 амандмани. ДУИ исто така со критики за предложената државна каса...

Опозициските партии со критики за предложениот Буџет за следната година. За социјалдемократите тој е нереален, неразвоен и недомаќински. Тврдат ќе продуцира нови долгови. Проектираниот раст на БДП е нереален, бидејќи и Народна банка и Светска банка одат со многу пониски прогнози – рече лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Според него се зголемуваат парите за непродуктивните трошоци, а има кратење во клучните сектори. Власта со својот прв Предлог-буџет постапува незаконски, со дефицит од 4% од БДП, спротивен на законските ограничувања кои дозволуваат максимум 3%, рече Филипче.

Филипче со став дека СДСМ нема да го гласа вака предвидениот Буџет. Имаат 200 амандмани.

Критики за предложената државна каса и од ДУИ.

Собраниската расправа за буџетот за 2025 почнува в четврток.

 

Миле А. Ристески