Советот на Општина Кочани одлучи – на депонијата ќе се носи само кочанскиот отпад
По 17-дневна блокада на патот кон кочанската депонија од страна на екоактивисти за да се спречи истовар на комуналниот отпад од соседните општини, локалната власт денес и официјално донесе одлука за забрана на депонирање отпад. Граѓаните задоволни од одлуката, со надеж дека нема да се повтори аерозагадувањето …

Советот на Општина Кочани едногласно одлучи да стави забрана за депонирање на смет на кочанската депонија од соседните општини но и формирање надзорно тело кое будно ќе ја следи состојбата со депонијата.
Одлуката доаѓа по 17 дена блокада на патот кон кочанската депонија од страна на граѓански активисти, кои изразија задоволство од одлуката на Советот.
Ова е преодно решение, а конечното е – изградба на регионалната депонија кај Свети Николе.
Проблемот со кочанската депонија стигна и до Владата и Собранието, со порака од граѓаните и политичките партии за забрзување на процесот на изградба на регионалната депонија кај Мечкуевци.
Славица Величковска
