Одбележување

Мицкоски: За да бидеме победници треба да сме единствени

13.11.2024 15:47

Повик за обединување за да опстоиме. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски испрати ваква порака, смета дека Македонија може да биде економски силна држава, да се направи стратегија во МАНУ…

„За да бидеме победници треба да сме единствени, разединети нема да победиме“, премиерот Мицкоски уште еднаш повика на национално обединување за развој на Македонија. Според него, изминатите 80 години не сме извлекле поука од грешките и не сме се коригирале. За да не исчезнеме како држава, предлага со академиците веднаш да се почне со изготвување на стратегијата за развој на државата. Главен фактор за опстанокот вели, ќе бидат и развојот на економијата и демографијата, но и да се поправат грешките кои биле направени во изминатите седум години.

Академската фела и историчарите говореа за подвизите на асномците и нивната жртва за слободна и независна Македонија. Се согласија дека тоа е најсветлиот момент во поновата историја кој ги постави темелите на македонската историја.

Двата Илиндена, според историчарот Митко Панов се и одговорот на негациите, оспорувањата тенденциите за бришење на идентитетската свест за македонското, на предисторијата и постисторијата во Македонија.

 

Викторија Милевска