Со нови сведочења продолжи судењето за двојното убиство
Пишете му на Илон Маск за да ни помогне да ја најдеме Вања преку сателит. Сведочење на блиска роднина од семејството на Вања, цитира што и велел таткото Александар додека трагале по девојчето. Во судот ново рочиште за убиството на 13-годишната Вања и велешанецот Панче …

Сведокот Маја Спироска, првата братучетка на мајката на Вања, Зорица изјави дека по потрагата заклучиле дека таа е киднапирана од местото на живеење, а потоа од снимки го откриле и возилото „цитроен“ со кое била киднапирана. Откри дека таткото на Вања, осомничениот Александар Ѓорчевски барал од неа да стапи во контакт со Илон Маск за да ја бараат со сателит.
Пријателот и сопартиец на Палевски, Ѓорги Џолев сведочеше дека возилото „Рено тангу“, вмешано во убиството го донирал на партијата Десна по иселувањето во Исланд. Било регистрирано на неговата сопруга Вита Кириќ која сведочеше дека била на распит во полиција и дека го повикала сопругот кој исто така, бил на распит, а потоа за сослушувањето го информирал и Палевски.
Џолев информираше дека во старото седиште на партијата каде престојувал Палевски, видел пиштол. Дека Палевски имал пиштол сведочеше и симпатизерот на партијата Кирил Тренчовски. Сведокот Кристијан Платников, рече дека Палевски имал пиштол оти бил физички нападнат и дека затоа постојано го носел со себе, му бил одземен од полицијата оти немал дозвола за носење туку само за поседување.
Адвокатот Васко Стојков, кој го однел Палевски во Белград на лекар, сведочеше дека финансиската состојба на Палевски била лоша и дека тој со негова лична карта повлекол 25 илјади евра во Белград како и Палевски. Сведоците ги испрашуваше и првоосомничениот Палевски којшто сакаше ја да докаже својата невиност. Судењето продолжува со нови сведоци в петок.
Ирина Гелевска
