Ден на градот Скопје

80 години од ослободувањето на Скопје

13.11.2024 18:43

Нечисто, загадено, преизградено, хаотично и наш дом. Скопје одбележува 80 години од ослободувањето. Главниот град ја чествува слободата од окупаторот. Наследивме слободно, какво Скопје оставаме на генерациите по нас?

Тие имаа два поводи за славење, денот на градот Скопје и патрониот празник на градината 13 ноември. Со макета на куќите од нашиот град Скопје, децата и воспитувачките сакале да покажат како би сакале тие да изгледаат, поубави, пошаренолики.

И петгодишниците од скопски Карпош имаат свои омилени места во родниот град.

Надвор од градинката, на отворено пред споменикот на НОБ, градоначалничката рече дека Скопје е град кој треба да се сака. Скопје да биде град на успеси и перспективи.

Аманетот на предците не смее да се заборави.

Со положување цвеќиња и свеченост пред владата беше оддадена почит на оние што го дале животот за слободно Скопје.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски