Земјоделство

Трипуновски: Мојата цел е активирање на младите во земјоделскиот сектор преку низа на мерки

13.11.2024 19:59

Секој млад земјоделец којшто ќе сака да влезе во процесот не му се доволни само 10.000, 20.000 па и 50.000 евра грант. Младиот земјоделец сака тоа што ќе го произведува да има регулација, да се следи процесот, и да има кај да го продаде. Математиката да биде во плус, да има рентабилност во продажбата. Така ќе имаме предвидливост на процесот, заклучи министерот...

„Јас се насочувам кон активирање на младите во земјоделскиот сектор. Тоа ќе биде преку низа на мерки коишто ќе ги понудиме како кофинансирање, како стимул за влегување во секторот, и коишто ќе продолжат да го движат процесот за произведување на храна“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисија на национална телевизија.

„Наредната година ќе имаме неколку сет на мерки коишто ќе значат сериозни грантови за поддршка при имплементација на земјоделски бизниси во државата“, заклучи министерот.

Тој посочи дека ќе се врати рентабилноста на производството.

„Секој млад земјоделец којшто ќе сака да влезе во процесот не му се доволни само 10.000, 20.000 па и 50.000 евра грант. Младиот земјоделец сака тоа што ќе го произведува да има регулација, да се следи процесот, и да има кај да го продаде. Математиката да биде во плус, да има рентабилност во продажбата. Така ќе имаме предвидливост на процесот“, заклучи министерот.

„Ние мораме како земјоделска држава којашто треба да произведува квалитет и квантитет, да анимираме и нова енергија во целиот процес“, нагласи тој.

Министерот Трипуновски додаде дека преку различни мерки и програми ќе покаже како Македонија се насочува да се движи низ еден патоказ што значи земјоделска држава.