Жерновски демантира дека е амбасадор на „диво“
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски вчера на прес-конференција рече дека Жерновски, формално правно, никогаш не ни станал амбасадор во Букурешт, бидејќи нема предадено акредитивни писма...

Амбасадорот во Романија, Андреј Жерновски, демантира дека не ги предал акредитивите за амбасадор во Букурешт, и најави тужби за клевета.
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски вчера на прес-конференција рече дека Жерновски „Формално правно, никогаш не ни станал амбасадор во Букурешт, бидејќи нема предадено акредитивни писма“.
Жерновски се огласи на социјалните мрежи, вели вчера дознал дека бил амбасадор на диво „не знам на тие медиуми од каде им е и кој им ја кажал оваа „генијална“ теза, но знам дека со некој од нив ќе мора да се видиме на суд, клеветењето и нанесувањето штета на нечиј личен углед и интегритет е крајно сериозна работа“, објави Жерновски и како доказ на својот став, тој напиша дека објавува фотографија од предавањето на акредитивите во романското МНР.
