Дик Адвокат – селектор на Србија!
Холандскиот фудбалски стручњак Дик Адвокат ќе биде нов селектор на репрезентацијата на Србија. Фудбалскиот Сојуз на Србија во наредните два-три дена ќе ја објави оваа информација, а до крајот на неделата и официјално ќе го промовира 66-годишниот тренер, којшто ќе го предводи националниот тим на нашиот северен сосед до завршувањето на ЕП 2016 година.

Адвокат ќе ја преземе функцијата од Љубинко Друловиќ, којшто привремено беше селектор по заминувањето на Синиша Михајловиќ. Тој ќе биде втор странски селектор на Србија по Шпанецот Хавиер Клемент, којшто не успеа да ја однесе на ЕУРО 2008.
Минатата сезона Адвокат беше тренер на АЗ Алкмар. Во текот на богатата кариера ги водеше и ПСВ Ајндховен, Глазгов Ренџерс, Борусија Менхенгладбах, а со Зенит во 2008 ги освои УЕФА Купот и Суперкупот на Европа. Адвокат има и завидно селекторско искуство, како водач на селекциите на Холандија, Јужна Кореја, Белгија, Обединетите Арапски Емирати и на Русија.