Овоштарство

И по бербата нема одмор за овоштарите

14.11.2024 08:09

Нема одмор за овоштарите. Експертите порачуваат овоштарниците да ги подготват за презимување и да ги искористат релативно пониските температури за вршење на заштита од болести и штетници. Во овој период работа има и за подготовка за новата градинарска сезона...

Овоштари да ги искористат овие месеци за есенските и зимски заштитни активности, порачуваат експертите.

Пожелно е физички да се отстранат гнездата во кои презимуваат инсектите или јајцата на штетниците.

Кога ќе дозволат временските услови, потребно е да се испрскаат овошките со средства против габични болести, а младите овошки да се оградат или на друг начин да се заштитат од зајаци.

На крајот од месецов, активни треба да бидат и градинарите.

Ова важи особено оние кои се занимаваат со производство на расад за раноградинарско производство.

Наскоро треба да почне и ѓубрењето на леите во оранжериите, а може да се посади и зелена салата и лук.

Градините треба да се исчистат од остатоците од претходните култури, особено од кочаните на доцната зелка, каде што штетниците може да презимуваат за да се спречи нивното масовно појавување во текот на идната сезона.

 

Методија Трајков