Временска прогноза
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
14.11.2024 08:17
Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец...

Времето денеска претежно облачно, уште од ноќта со слаб дожд, а потоа преку денот со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.
Во Скопје претежно облачно од преку ноќта и потоа преку денот со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни.
