УНРВА бара докази од Израел за обвинувањата
Шефот на агенцијата на ООН за палестинските бегалци го обвинува Израел дека одбива да предаде докази за наводите дека вработени во УНРВА соработувале со Хамас...

Шефот на агенцијата на ООН за палестинските бегалци го обвинува Израел дека одбива да предаде докази за наводите дека вработени во УНРВА соработувале со Хамас. Организацијата одново побара меѓународната заедница да го спречи Израел да ја спроведе одлуката со која се забрануваат операциите на агенцијата на палестинска територија. Законите, усвоени од Кнесетот изминатиот месец, стапуваат на сила за 90 дена.
„УНРВА е жртва на оваа војна. Да не грешиме. Намерите за поткопување на агенцијата се политички мотивирани. Признавам дека не работиме во средина со нула ризик, туку работиме во средина со нулта толеранција“, изјави Филип Лазарини, генерален комесар, на УНРВА.
Во израелски напад во близина на бегалски камп во центарот на Газа жртви и повредени. Продолжува и офанзивата во Либан. Во два одделни напади, ликвидирани тројца команданти на Хезболах.
