ШПАНИЈА

Малага под црвен метеоаларм

14.11.2024 09:09

Две недели по катастрофалните поплави кои ја зафатија Валенсија, Малага сега е под црвен метеоаларм. Евакуирани се три илјади жители...

Две недели по катастрофалните поплави кои ја зафатија Валенсија, Малага сега е под црвен метеоаларм. Евакуирани се три илјади жители.

Силниот дожд предизвика излевање на реките. Суспендирана е брзата железничка линија меѓу Малага и Мадрид, откажани се летови. Покрај тоа, торнадото уништи бензинска пумпа во Мијас Коста.

Општини во Гранада ги активираа локалните планови за итни случаи и ги повикаа граѓаните да бидат внимателни.