ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на доставата и на квалитетот на услугата
Македонската пошта трупа долгови – ова го покажува ревизорскиот извештај што денеска го објави Државниот завод за ревизија. Континуираните загуби во работењето на акционерското друштво влијаат на доставата и на квалитетот на услугата.

Од 2017-та досега се нижат загуби, кои само во 2022-та година биле 3,7 милиони евра. Се земале заеми и кредити кои не се сервисираат навреме, каматите се трупаат. Но, и покрај лошите финансиски резултати, лани, директорите и замениците си ги зголемиле платите и до 58 проценти. Оттука и не треба да изненадува што поштата отстапува од меѓународните стандарди. Едвај 60 проценти од пратките се доставени во првиот ден. 43 проценти од физичките лица и 72 проценти од правните лица не се задоволни од поштенските услуги.
Ревизорот соопшти дека во работењето на поштата се констатирани сериозни неправилности. Се набавувале стоки услуги без јавна набавка, неправилности имало и при пополнување на работни места.