Клоп смирува
Откако навивачите на Борусија Дортмунд се загрижија по шпекулациите дека двајца значајни фудбалери можат да заминат од тимот, стигнаа смирувачки тонови од шефот на стручниот штаб Јирген Клоп.
„Нема дилеми дека Марко Ројс и Матс Хумелс ќе останат кај нас. Тие ќе бидат наши лидери и во претстојната сезона, во обид да стигнеме до што подобар резултат“, категоричен е Клоп по информацијата дека Хумелс ќе замине во Манчестер јунајтед за 20 милиони евра.

„За таква сума воопшто не ни разговаравме, а дури и да се понуди многу повеќе, Хумелс сепак ќе остане во Борусија“, објасни Клоп.