Бомба во Ќерамидница: Полициски екипи вршат увид, повредениот е во стабилна состојба
Трет напад врз Раде Трајковски – Штекли. Утрово околу девет часот во дворот од неговата семејна куќа во скопска Ќерамидница е фрлена бомба. Полициски екипи во моментот вршат увид...

Трет напад врз Раде Трајковски – Штекли. Утрово околу девет часот во дворот од неговата семејна куќа во скопска Ќерамидница е фрлена бомба. Полициски екипи во моментот вршат увид на местото на настанот и движењето во околината е ограничено.
Повредениот Трајковски е пренесен во болница и е во стабилна состојба.
„Лицето е стабилно и е надвор од животна опасност. Има изгореници, и сè уште се прават испитувања. Ќе му биде предложено да биде задржан на лекување“, вели д-р Небојша Настов, директор на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
И овој напад врз Штекли претходно бил најавен на социјалните мрежи. Тој минатата година во период од два месеци беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“.
